1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Откриени нови неонацистички ќелии во Германија

Во заедничка операција, полициите во Германија, Швајцарија и Холандија ги пребаруваа домовите на осомничени неонацистички терористи. Новооткриениот случај е многу сличен на оној со ќелијата на НСУ.

Германија најверојатно избегнала нова серија напади од страна на деснит екстремисти. Во средата (17.07), полициските сили во земјата со поддршка на антитерористичките единици во Швајцарија и Холандија, извршија серија рации против неонацистичка група, која според сознанија на истражните органи, планирала терористички напади во земјата со цел „промена на политичкиот систем“.

Бил извршен претрес на становите и затворските ќелии на шестмина осомничени во три различни земји. Но, проверката на запленетиот материјал може да се покаже како тешка задача, затоа што осомничените комуницирале шифрирано, со сопствени кодови.

Ниту еден од осомничените засега не е уапсен, затоа што немаат докази за конкретен терористички напади. Но, обвинителството, кое ги следело осомничените со месеци, верува дека тие планирале да набават експлозив и оружје. Името на нивната терористичка организација било „Врколаци“, име кое го користеле и специјалните единици на нацистичкиот режим кои делувале во последните години од војната.

Според извештаите во германскиот магазин „Шпигел“, првоосомничениот, лидер на групата е швајцарски државјанин. Новинарот Андре Аден, кој е дел од истражувачки проект кој ги следи активностите на неонацистите уште од 2004 година, вели дека лицата меѓусебно комуницираат преку „Белите волци“, што е всушност музичка група. Аден вели дека е изненадувачки тоа што членовите на групата, иако и досега биле познати по физичкото насилство и нетрпеливоста, одлучиле да отидат и чекор понатаму и да се префрлат во политичкото подземје, односно да извршат напад врз државата.

Радикализација

Најпознатиот пример на неонацистички терор во Германија се припадниците

NSU Prozess Oberlandesgericht München 13.06.2013 Beate Zschäpe

Беате Чепе

на групата НСУ кои убија 10 луѓе, претежно со мигрантско потекло, во периодот од 2000. до 2007 година. На единствениот преживеан член на групата, Беате Чепе во моментов и‘ се суди во Минхен. Чепе и нејзините соработници живееле речиси десет години во илегала, нешто што, според Аден, е ретка одлика на неонацистите.

„Многу од денешните неонацисти не се подготвени на тој чекор. Малкумина би се одлучиле на нешто такво“, тврди Аден.

Она што ги одликува неонацистите, според експертот, е бруталното насилство кое е дел од нивното постоење. Затоа и не е изненадување кога при рациите во нивните домови или скривалишта полицијата пронаоѓа големи количества оружје.

„Многу од членовите имаат криминални досиеја. Насилството, бруталноста и омразата се дел од деснорадикалната мрежа“, вели Маркус Бушмилер од антифашистичката група АИДА.