1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Отке го напушти рингот како непоразен шампион

Свен Отке на викендот ја одбрани титулата светски првак во бокс во суперсредна категорија, не оставајќи му никакви шанси на Арманд Крањц од Шведска. Тоа беше 22-ра успешна одбрана на титулата во верзијата на Меѓународната боксерска федерација, што Отке ја освои во октомври 1998-ма против Американецот Бруер. Во меѓувреме со победата над Американецот Мичел лани во март Отке ја придодаде и титулата светски првак во верзијата на Светската боксерска асоцијација. Во саботата доцна навечер 36-годишниот Свен Отке откако беше прогласен за победник во рингот објави:

"Вие сега точно знаете што доаѓа. По осум недели ќе наполнам 37 години. Порано реков дека во Магдебург ќе ја завршам кариерата и јас сега го правам тоа".

Колку и да беше очекувано со оглед на возраста, решението на Отке ги изненади неговиот менаџер и тренерот. Големиот спортски ас ја докажа својата величина повлекувајќи се непоразен од рингот - малкумина имаа сила за таков подвиг. Претходно како аматер тој беше двапати европски првак. Отке најави дека ќе се специјализира за тренер по голф, неговата нова спортска љубов, но ќе биде и експерт-кокоментатор на телевизијата.