1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Откажани протестите во Кенија

Опозицијата во Кенија го откажа протестниот марш против повторниот избор на претседателот Мваи Кибаки за наредниот вторник. Одлуката е донесена со цел да се одбегнат судири меѓу полицијата и привзениците на Одинга

default

Приврзеници на опозицијата

На улиците во Најроби и натаму се присутни стотици приврзеници на опозицијата кои се собраа на протестниот таканаречен марш на милиони кој го свика лидерот на опозицијата и нејзин претседателски кандидат Раила Одинга. Во делови на градот се слушаат истрели. Полицијата преходно употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се движеа кон паркот Уру местото каде Одинга ја закажа главната манифестација:

„Ова е одлучувачки момент за земјата бидејќи како што гледате , луѓето во оваа земја не сакаат да го прифатат ова. Нашиот народ не сака да дозволи оваа влада да се извлече од одговорноста за работите што ги направи„ изјави Одинга

Крвави насилства Спорот околу изборните резултати во Кенија предизвика голем бран на насилство ширум оваа африканска земја во кое според последните податоци загинале 340 лица. Само во пожарот во црквата во градот Елдорет во западна Кенија на 1 јануари загинаа најмалку 30 лица од етничката група Кикију на која и припаѓа претседателот Кибаки. Власта и опозицијата вчера започнаа меѓусебно да си ја префрлаат одговорноста за досега најгрозоморниот масакр по изборите. Инаку речиси никој во Кенија веќе не се сомнева во тоа дека претседателот Кибаки ги лажирал изборните резултати во своја полза . Дури и шефот на Изборната Комисија Самуел Кивуиту , кој во неделата и покрај големите протести го прогласи Кибаки за победник, во меѓувреме призна дека се наоѓал под голем притисок: „Претставници на партијата на Кибаки постојано ми се јавуваа и бараа веднаш да ги доставам резултатите . Не можам да кажам дека Кибаки навистина е победник „

Меѓународен притисок за смирување на ситуацијата

Меѓународната заедница во меѓувреме ги интензивираше напорите за надминување на кризата во земјата. Претставникот на Африканската унија и носител на нобеловата нaграда за мир, Дезмонд Туту, отпатува во посредничка мисија. „ Дојдовме тука за да ја изразиме нашата солидарност со народот во Кенија„ изјави Туту по средбата со Одинга Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во телефонски разговор со Одинга и министерот за надворешни работи Рафаел Тују, предложил меѓународно посредништво, кое властите засега го одбиваат. Шефот на Европската изборна комисија за Кенија, германецот Александер Граф Ламбсдорф повика на уште една независна контрола на резултатите од сите изборни места. Кенија е стратешки важна земја и натамошна дестабилизација би значело катастрофа за целиот регион.