1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Откажани летови поради Попокатепетл

Ќе еруптира ли вулканот Попокатепетл повторно? Големите облаци од пареа и пепел укажуваат дека е можна нова ерупција. Повеќе авиокомпании ги откажаа линиите кон Мексико Сити.

Над мексиканскиот вулкан Попокатепетл повторно има облаци со пепел. Националната служба за заштита од катастрофи во Мексико Сити соопшти дека пепелта веќе стигнала до јужните квартови на градот. Вулканот се наоѓа на околу 60 километри од метрополата.

Четири американски авиокомпании во знак на претпазливост ги откажаа летовите кон Мексико Сити. Американ Ерлајнс, УС Ервејс, Делта и Аљаска Ерлајнс откажаа 47 летови на релација Мексико-САД, соопшти портпарол на аеродромот во Мексико Сити. Сепак, аеродромот останува отворен и натаму.

Мексиканските власти свикаа вонредна седница за да се разгледа евентуалното подигнување на степенот на аларм, соопшти координаторот за цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте.

Попокатепетл по подолго мирување (од 1994 година), повторно покажува засилена активност. Вулканот висок околу 5452 метри последен пат имаше поголема ерупција во 2000 година, поради што повеќе илјади луѓе мораа да бидат евакуирани.