1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Самостојност на Македонија

Отец Климент: Македонија стана самостојна по Божја промисла

Со прогласувањето на независноста, се реализира вековниот стремеж на македонскиот народ да биде свој на своето, вели Владиката Климент. Не е југоносталгичар, но ги согледува и актуелните недостатоци на Македонија.

Orthodoxe Bischof Kliment, Mazedonien, Skopje, 02.12.2011, Foto: Petr Stojanovski

Владиката Климент

Владиката Климент е духовник по природа кој откако памети за себе му бил посветен на Бога. Пред целосно да му се предаде, животот го однел на барикадите на кои се распаѓаше поранешната заедничка држава. Со оружје в рака како војник на ЈНА идниот монах е сведок на суривиот крај на државата во која растел.

„Тоа беше време-невреме. На своја кожа го почуствував она што им се случувало и на моите предци, кога во периодот на Балканските и двете светски војни војувале за туѓи интереси. Облечен во униформа на ЈНА бев во пристаништето Лора, воен комплекс каде што беше адмирал генерал Боцинов, во истиот период кога беше убиен македонскиот војник Сашо од Кавадарци. Во Задар по прекомандата бев под лупа на хрватските снајперисти кои не` нишанеа од околните згради“, се присетува Владиката.

Македонија веќе не гравитира околу други центри

40 Jahre Mazedonische Orthodoxe Kirche

Отец Климент: Црквата е најстарата институција на овие простори

Отец Климент е учесник и на прославата на резултатите од референдумското изјаснување на македонскиот народ. Уверен е дека Македонија стана самостојна држава по Божја промисла.

“Бев учесник на прославата на скопскиот плоштад. Дел од оние личности кои спонтано се собраа да ја прослават независноста. Тоа не беше чуство само на национална еуфоирија, туку беше чуство на радост и исполнетост поради реализацијата на вековниот стремеж на народот на кој му припаѓам по род да биде свој на своето. Јас верував тогаш, а верувам и сега, дека во Божјата промисла за постоење на повеќе нации македонската е посебна, автохтона нација која секогаш се борела за свој независен живот и опстој“. 

Според Владиката Климент, има многу придобивки од самостојноста на Македонија, како посебно го издвојува чуството на независност.

„Чуството дека не сме сателити кои што гравитираат околу некои центри е нешто што мене ми создава чуство на благодарност. Придобивка е тоа што не треба да чекаме што ќе каже Белград или некој друг.“

„Исчезна средната класа во Македонија

Mazedonien Land und Leute junge Familie im Park

Тој признава дека младешките идеали за иднината на Македонија не се сосема исполнети, но безуспешни се сите обиди од Отец Климент да се извлече макар трошка југоносталгија.

„Секако дека тогаш се беше идеализирано. Но, реалноста денес покажува дека работите се такви какви што се. Секогаш кога разговорам со политичарите од позиција на духовник го напоменувам следново: никогаш од никого не очекувам да направи рај во Македонија, меѓутоа оние кои добиле мандат од народот ги замолувам да сторат се` што е во нивна можност да го спречат адот, кој што се заканува да ги проголта пред се` ниските социјални слоеви. Исчезна средната класа во Македонија“.

Уште како дете, кога пеел во црковен хор и одел на литургии, сметал дека духовните вредности се маргинализирани во општеството. Вели дека иако Црквата не била призната во поранешниот систем, постоел флуид со македонските верници.

„Во поранешниот атеистички систем црквата беше маргинализирана, но за сметка на тоа имаше еден флуид, за во почетокот на 90-те години кога влезе во системот го загуби флуидот. Тоа е можеби само мое чуство. Генерално Црквата е најстарата институција на овие простори која го бодрела духот на Македонецот. Таа денес се бори за својот легитимитет, се наоѓа пред предизвикот да биде инкорпорирана во семејството на помесните православни цркви.“

Предизвик за секоја генерација е смета Владиката Климент да го препознае колективниот интерес и со прифаќање на сопствените обврски и одговорности да помогне во изградбата на иднината на македонската држава.  

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев