1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен 57-миот Кански фестивал

default

Традиционалното искачување на скалите на 57-от меѓународен филмски фестивал во Кан беше зачинето со 11 културни работници, кои на грбот носеа по една буква од зборот “NEGOTIATION” - “ПРЕГОВОРИ”. И околу двеста други, кои манифестираа недалеку од фестивалската палата, за заштита на нивниот социјален статут, под будното око на силното полициско обезбедување.

Педро Алмодовар, чиј филм “Лошо образование”, беше прикажан синоќа вон конкуренција, првата фестивалска вечер им ја посвети на жртвите на терористичките напади од 11. март во Мадрид, “на нивните семејства и нивните блиски.”

Режисерот, Алмадовор на шпански јазик, “Declaro abierto el festival de Cannes 2004”, придружуван од неговите омилени актерки:Викториа Абрил, Кармен Маура, Ангела Молина, Мариса Передес и Леонор Ватлинг, секоја на различен јазик го отворија 57-то издание на Канскиот фестивал.

Претседателот на жирито, американецот Квентен Тарантино, за кого да се биде претседател на овај прекрсен филмски фестивал “претставува вистинска чест”. Пред фестивалската публика извика: “Да живее филмот.”

Прекрасната италијанска актерка Лора Моранте, кума на фестивалот, посака “убав и пријатен фестивал”, закажувајќи нова средба за десет дена, кога ќе бидат доделени наградите и престижната “Златна палма”.

Годинашнава девиза на Кан е "квалитет, а не квантитет" или како што вели уметничкиот директор на фестивалот Тјери Фремо, изборот е “мешавина на искуството и младоста." Во официјалната селекција годинава се 56 филма, од кои 19 ќе се натпреваруваат за престижната "Златна палма". Застапени се сите филмски жанрови: играни, документарни, анимирани, фимови на ужас и на боречки вештини.

За “палмата” меѓу другите конкурират и се сметаат за фаворити, Кар Ваи Вонг со неговиот долгоочекуван "2046", Мајкл Мур со "Фаренхајт 911", Лукреција Мартел со "Ла нина санта” (“Светата девојка”), Валтер Салес со документарецот за Че Гевара "Дневникот на мотоциклистот" и двојниот добитник Емир Кустурица со "Животот е чудо". Последниот збор го има жирито.