1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Отворен 23. Иберо-Американски самит

Од различни причини на овој собир годинава не учествуваат повеќе претседатели на држави од шпанско-португалскиот говорен простор, а овие земји се претставени со владини функционери од пониско ниво.

Во главниот град на Панама отворен е 23. Иберо-Американски самит. Само 12 од вкупно 22 земји-членки од шпанско-португалскиот говорен простор во Панама сити се претставени од шефови на држави или на влади. Учеството го откажаа некои од најважните политичари во Латинска Америка, како на пример бразилската претседателка Дилма Русеф, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, претседателот на Чиле, Себастијан Пињера и претседателката на Аргентина, Кристина Кирхнер. Оваа трансконтинентална заедница во последно време загуби на значење на сметка на регионалните сојузи. Шпанскиот премиер Маријано Рахој во Панама сити изјави дека по 22 самита на форумот му се потребни обнова и нови насоки, за да се прилагоди на промените кои се имаат случено во земјите-членки и на интернационалната сцена.

На Иберо-Американските самити учествуваат претставници на земјите од Јужна и Централна Америка, како и на европските држави Шпанија, Португалија и Андора. Главна тема на годинешната средба ќе биде „улогата на политиката, економијата и социјалниот и културниот живот во латиноамериканките држави во услови на новиот светски поредок“.

Ова е прв Иберо-Американски самит на кој не учествува шпанскиот крал Хуан Карлос, кој неодамна беше подложен на хируршка интервенција.