1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен саемот на книгата

Со предавање на новата германска награда за книга на годината, вчера во Франкфурт беше отворен 57-иот саем на книгата.

Кореја е земја гостин на годинашниот саем на книгата во Франкфурт

Кореја е земја гостин на годинашниот саем на книгата во Франкфурт

Преку 7 илјади издавачки куќи од 101 држава до недела ги излагаат новите изданија. Земја-гостин годинава е Кореја, при што Северна Кореја се откажа од учеството. За Јирген Бос, новиот директор на франкфуртскиот саем на книгата, светски најголемата средба на издавачите, се потпира врз три столбови: економија, култура и политика. Издавачите кои од денеска на меѓународната публика ќе и ги призентираат новите изданија, во Франкфурт секако допатуваа пред се зашто сакаат да направат добри зделки, како на германскиот пазар на книгата, така и на меѓународен план. Затоа Бос истакнува:

„Браншата како и саемот растат. Меѓутоа, да се генерира растеж тука на саемот во Франкфурт за нас е тешко. Оттатму, размислауваме како да бидеме давачи на услуги и во Германија и на меѓунарден план. Едно од размилсувањата е во Кејптаун да отвориме нов саем на книгата заедно со издавачката асоцијација во наредната година во јуни„.

Кога станува знор за пазарот на книгата, Германија досега е земја увозник. Годишно овде се појавуваат околу 2 илјади преводи од англиски, додека обратно само 40 наслови од германски успеваат да се појават на големиот англо-американски пазар. Со новата награда „Германска награда за книга„ за најдобриот роман од германското говорно подрачје се сака да се подвлече домашната продукција и да се привлече вниманието на светската јавност. Од околу 150 белетиртсички наслови од последните 12 месеци, независното жири како прв „Роман на годината„ ја избра книгата „Нам ни е добро„ на Австријанецот Арно Гајгер. Претседателот на жирито Готфрид Хонефелдер образложува:

„На Арно Гајгер во романот му успеа да ги доведе во исклучителен баланс минатото и сегашното, општественото и приватното, зачуваното и заборавеното. Тој ја претставува сликата на три генерации сместени во овој семеен роман„.

В недела пак, ќе биде доделена и традиционалната награда за мир на германските издавачи. Годинашен добитник е турскиот писател Орхан Памук.