1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен саемот на книгата во Франкфурт - Русија гостин

Синоќа во Франкфурт беше отворен годинашниов саем на книгата на кој Русија е земјата гостин. Учествуваат повеќе од 6 ипол илјади издавачи од 104 земји. Русија е гостин на овој 55 саем на книгата во Франкфурт, се очекуваат стотина автори, а за министерката за култура Кристина Вајс овој саем е зенит на германско-рускиот дијалог на културите. Русија и припаѓа на Европа, изјави таа на синоќешното отворање, но: "Се уште владее страв од извесна непресметливост или недоверливост. Тоа што некои од настаните не успеваме да ги разбере во никој случај не не обесхрабрува. Напротив. Тоа што на југот од земјата дневно гинат луѓе во воените судири не оптоварува. Па сепак, Русија во Европа, тоа значи неделивост на човековите права овде и таму".

Така саемот на книгата уште еднаш покажа колку тесно се поврзани литературата и политиката. Директорот на саемот Фолкер Нојман е оптимист и очекува уште поголема посета на ланската. Бројот издавачи е дополнително позитивен сигнал: "Тоа истовремено зборува за довербата во развојот на оваа бранша. Се покажува дека во целиот свет има знаци на заздравување". Инаку, на отворањето уште и олеснувањето дека саемот на книгата останува во Франкфурт до 2010 година. Во меѓувреме, Келн и Минхен беа кандидати за преземање на оваа светски значајна манифестација.