1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен саемот на книгата во Лајпциг

Во Лајпциг отворени вратите на пролетниот саем на книгата, на кој повеќе од 2100 излагачи од 30 земји ќе се обидат да привлечат повеќе од сто илјади посетители. Саемот расте континуирано.

default

Литературата од германското говорно подрачје е традиционално во фокусот на саемот на книгата во Лајпциг, притоа дополнета со аудио-книгите, кои сега на саемот ги презентираат околу 120 излагачи. Една четвртина од изложбениот простор им е посветен на младите читатели. Повеќе од 300 манифестации на саемот и еден центар за стрипови, треба да и отворат на младата генерација желба за читање. Во Лајпциг поттикот за читање книги е испишан со големи букви и се смета дека секој петти посетител на саемот е помлад од 20 години. На програмата на саемот вкупно има околу 1 500 манифестации. Фестивалт на литераурата што го придружува саемот “Лајпциг чита“ самсовесно се нарекува најголем фестивал на литературата во Европа. Тоа го свртува погледот не само врз домашните новитети, туку и врз литературите на централна и источна Евроа. Веќе на почетокот на саемот, наградата на Лајпцишкиот саем за Европско разбирање, и се доделува на хрватската авторка, Славенка Дракулиќ. Нашата странска програма, нагласува директорот на саемот, Оливер Циле, е интересна како никогаш порано.

“Првпат со голема презентација и многу познати автори, но и млади автори се претставува Израел . Знаете дека Израел воспостави дипломатски односи со Германија пред 40 години. Денеска, во нашиот сојузен управен суд ќе има свеченост на која ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Фишер и израелскиот амбасадор, Шимон Штајн. “