1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен саемот на книгата во Лајпциг

Вратите за посетителите на самот на книгата во Лајпциг се отворени. Македонската литература ќе биде богато презентирана на овој значаен саем.

Во Лајпциг сиоќа (14.03.2012) свечено е отворен саемот на книгата. Притоа традиционално беше доделена „Книжевната награда за европско разбирање“. Таа годинава им беше врачена на историчарите Јан Кершоу и Тимоти Снајдер. Тие, како што се наведува во образложението, со своите дела помогнале преку објаснувањето на тоталитаризмот во Германија и во Источна Европа да се стекне поцелосна слика за Европа.

Leipziger Buchmesse 2011

Големите саемски хали во Лајпциг преполни со луѓе за време на саемот на книгата

До 18-ти март повеќе од 2000 излагачи од 44 земји ги презентираат новинитет на германскиот и меѓународниот литературен пазар. Тежиштето на саемот годинава е во регионот на Источна Европа, односно литературата од Полска, Украина и Белорусија. Лајпцишкиот саем на книгата, е еден од најважните во оваа бранша во Германија.

Македонија годинава ќе има свој национален штанд на саемот во Лајпциг. На овој штанд чиј организатор е издавачката куќа „Готен“ ќе бидат изложени дела од современи македонски писатели, речиси сите кои имале преведено дело на германски јазик, неколку монографии за Македонија на германски, како и наслови од едицијата „130 тома македонска книжевност“ преведени на англиски јазик.

Богато претставување на Македонија

Mazedonien Flagge Leipzig Buchmesse

Македонското знаме истакнато пред саемските хали во Лајпциг

Во рамките на заедничката програма со мрежата „Традуки“ ќе бидат промовирани македонските писатели Венко Андоновски, Александар Прокопиев, Јагода Михајловска- Георгиева и Лидија Димковска, лауреати на престижни домашни и меѓународни награди.

Димковска ќе ја промовира својата книга на германски јазик „Пристојна девојка“, објавена од виенскиот издавач „Едиција кореспонденс“.

Овие четворица автори ќе и‘ бидат претставени на германската јавност со каталог од извадоци од нивните дела, преведени на германски јазик.

Mazedonien Schriftsteller Robert Alagjozovski

Македонскиот писател Роберт Алаѓозоски минатата година се претстави во Лајпциг

Специјално за годинашното издание на саемот каталогот го подготви издавачката куќа „Готен“ и ќе им биде поделен на учесниците - издавачи, авторски агенции, книжевни агенти кои посредуваат во објавувањето на авторските дела на меѓународниот пазар на книги.

На македонскиот штанд ќе настапи музичарот Зоран Маџиров со мал сет импровизации на шишиња. Посетителите ќе имаат можност да пробаат и македонски вина од сортата вранец. Покровител на штандот е македонското министерство за култура.

Автор: СН/ЖА/дпа/миа/дв

Редактор: Ж. Ацеска