1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен Рихард Вагнер фестивалот

Во северно баварскиот град Бајројт започна 93тиот Рихард Вагнер фестивал, најважниот германски оперски фестивал од меѓународен ранг. Фестивалот беше отворен со новото инсценирање на “Парцифал” на Кристоф Шлингензиф.

Парцифал

Парцифал

Mногумина стравуваа дека ќе се случи скандал на отварањето на фестивалот во Бајројт поради новото инсценирање на Вагнеровиот „Парцифал“ од страна на режисерот Кристоф Шлингензиф. Но тоа не се случи пеачите беа наградувани со аплауз а изостанаа и извиците на негодување. Во секој случај многу гости на премиерата беа иритирани од премногуте детали на бината.

Пред почетокот на фестивалот постоеше жестока критика. Ендрик Вотрих, - Парцифал, беше вчудоневиден од режисерката работа на 43 - годишниот театарски – провокатор Шлингензиф, кој претходно не инсценирал опера, кој пак од своја страна забележува

“За време на изведбата седев пограј Волфганг Вагнер, расположението беше добро. Раоводителот на хорот смета дека е одлично. Значи тоа се барометрите, и верувам дека и Волфганф умерено се израдува.”

На отварањето како и секоја година имаше многу проминентни гости, меѓу кои и шефицата на ЦДУ Ангела Меркел која истакна

“Мора да кажам, дека како прво навистина добро се пееше, инаку постојат многу асоцијации со видео клип. Значи фигурите се губат позади останатото.”

Премиерот на германската покраина Баварија Едмунд Штојбер рече

“Ова е екстремно храбра изведба. Ова е нешто ново и уметноста е слободна.”