1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Отворен патот за втор мандат за Мушараф

*

Врховниот суд на Пакистан го отвори патот за нов петгодишен мандат на претседателот Мушараф. Судот во кој сега се наоѓаат мнозинство поддржавачи на Мушараф го одби и шестиот, последен приговор на опозицијата по изборот на Мушараф од страна на парламентот на 6 октомври. Шефот на државата по воведувањето на вонредната состојба на почетокот на ноември го смени составот на судиите во врховниот суд. Поднесувањето заклетва веројатно ќе се одржи во петок или сабота. Државниот правобранител Малик Мохамед Кајум изјави дека Мушараф како што претходно ветил, ќе се повлече од функцијата шеф на армијата.