1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Отворен патот за влада на националното единство

Меѓународно изолирана, внатре поделена – тое е билансот по повеќе од една година владеење на владата на Хамас. Уште полошо: во битката за власт на ривалските Хамас и Фатах, во изминатите два месеца загинаа повеќе од 100 лица. Од пред неколку дена е постигнат договор на двете палестински групации според кој заеднички ќе фомираат влада. Од вчера и формално е слободен патот за тоа: владата на Хамас поднесе остав

На пат кон формирање нова влада:Ханија и Абас

На пат кон формирање нова влада:Ханија и Абас

�а.

Пред една недела Хамас и Фатах со посредство на саудискиот крал, во Мека постигнаа договор за формирање заедничка влада. Претседателот Абас му даде налог на стариот и иден премиер Исмаил Ханија во наредните пет недели да формира нова влада:

„Денеска ја започнавме постапката за формирање влада на националното единство. Исмаил Ханија ми ја предаде оставката на неговата влада, а јас го задолжив да формира нов кабинет„.

По политичката и економската криза, изјави Абас, сега се надева дека со новата влада ќе започне нова палестинска ера во која луѓето ќе можат да живеат во мир и безбедност. Палестинскиот претседател кој за време на изминатите исклучително немирни недели одржуваше тесен контакт со американската влада, од Ханија побара, цитат: респектирање на заклучоците на Арапската лига, на меѓународната заедница како и договорите потпишани од Палестинската ослободителна организација„. Се мисли на договорите од Осло меѓу Израел и ПЛО од 90-десттите години со кои тогашниот шеф на Палестинците, Јасер Арафат го призна Израел.

Со апелот до шефот на владата на Хамас за респектирање на тие договори, Абас сака да ја постигне главната цел на неговите напори од изминатите 12 месеци: укинување на финансиските санкции од страна на САД, Европската унија и Изарел меѓутоа, стварноста изгледа поинаку: уште во средата, се вели, Абас бил информиран од Вашингтон дека бојкотот нема да заврши се додека новата заедничка влада не го признае правото на постоење на Израел. Во неговото опкружување се вели дека Абас бил многу разочаран од тој став. Инаку, шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс в недела ќе има одвоени средби најнапред со Абас, а потоа со израелскиот премиер Ехуд Олмерт. Разговорите треба да послужат за подготовките за самитот в понеделник во Ерусалим.