1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворен новиот музеј на Акропол

Во Атина свечено беше отворен новиот музеј на Акропол. На церемонијата присуствуваа околу 400 гости, меѓу кои претседателот на ЕК, генералниот директор на УНЕСКО и повеќе шефови на држави и влади.

default

Новиот музеј на Акропол

Во Атина беше отворен новиот музеј на Акропол. Во музејот се изложени вредни артефакти од античко време. Многу експонати, пред се’ делови од познатиот антички рељеф од храмот Партенон се дупликати, бидејќи оригиналите се наоѓаат во Националниот музеј во Лондон. Грчкиот претседател Каролос Папуљас, во говорот на отворањето, повторно се заложи за враќање на артефактите. - Спектакуларниот музеј е на три ката со вкупна површина од преку 20 илјади метри квадратни. Изградбата на модерниот објект од челик и стакло траеше повеќе од 11 години.

Автор: АТ/дв