1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Отворен идустрискиот саем во Хановер

Денеска во Хановер се отвараат портите за публиката на најголемиот индустриски саем во светото вчера самеот го отворија германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. На најголемиот светски саем во оваа бранша во наредните пет дена се презентираат 6.400 излагачи од 60 земји. Земја партнер на саемот е Турција.

Меркел и Ердоан на саемот во Хановер

Меркел и Ердоан на саемот во Хановер

Самот во Хановер годинава профитира од добрата конјуктура во целиот свет, како и од темите кои се во центарот на вниманието насекаде во светот: а тоа се енергијата и климата. На ова се надоплонува и зголемената автоматизација во сите индустриски области. Саемот во Хановар во една ваква атмосфера, е меѓународен саем за технологија. Оваа година за првпат има повеќе излагачи од странство отколуку од Германија.

Земја партнер на саемот е Турција со повеќе од 270 излагачи. Германија е најважниот трговски партнер на Турција, каде побарувачката за машини од странство годишно се зголемува за 15 проценти. Германија како најголем лиферант, профитира од оваа побарувачка на Турција. На отварањето на најголемиот индустриски саем во Хановер, германската канцеларка Ангела Меркел ја пофали реформската политика на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан „Развојот во Турција покажува, дека либералноста, дека отворен и пазарно ориентиран пристап е вистинскиот пат за социјална безбедност на луѓето. Ние сакаме да ја подржуваме оваа реформа.Ова особено е важно поради тоа што финансиската помош на ЕУ за Турција ќе може да се концентрира на оние области каде тоа е неопходно.”

Германската економија е силно присутна со инвестиции во Турција. 50.000 луѓе работат во германски фирми во Турција. Во Германија живеат 2,5 милиони луѓе со турско потекло, а повеќе од 60.000 од нив се активни како претпримачи. На отварањето на саемот во Хановер самоуверено настапи и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан и рече „Турција е меѓу дваесете најголеми економии во светот. Динамичното турско стопанство е незаменливо од европска перспектива. Турција не доаѓа за да биде товар туку да носи товар заедно со другите.” рече Ердоан

Турција во последните пет години се наоѓа во полтиички економски и социјален процес на промени. Преку реформите може да се постигне голем напредок, а некои од критериумите за пристап во ЕУ Турција и денеска ги исполнува нагласи премерот Ердоан “„Цврсто врерувам во тоа дека Турција економскиот развој ќе го воведе заедно со демократијата. Тоа се случува паралелно. Турција со посакуваниот влез во ЕУ не се залага само да ја зголеми добросотостјбата на народот туку нуди и мост меѓу западниот и исламскиот свет. ”

Со оглед на добрата конјуктура, на отварањето на саемот во Хановер тема беше и потребата за високо квалификуван стручен кадар од областа на инижерството и компјутерски сцпецијалисти, за што канцеларката Меркел нагласи дека сојузната влада ги пороверува сите аспекти за прават за доселување.

Претпладнево индустрискиот саем во Хановер ги отвара портите за посетителите, се очекуваа околу 200.000 годинава.