1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Отворен ”Автосалон”- от во Женева

74-от женевски Автосалон е не само најважниот саем на автомобили напролет, туку е вистински магнет за посетителите. Тој, со оглед на проблемите со профитот и борбата со попусти, на брашната годинава треба да и‘ донесе нова храброст.

“Автосалон“ во Женева за широката публика се отвора утре

“Автосалон“ во Женева за широката публика се отвора утре

Прилично променливо - така може да се опише расположението на производителите во 2004 година во Женева. Здружението на германската автомобилска индустрија ја даде својата девиза уште претходно – нема песимизам, но нема ниту прекумерно одушевување.

Под лупа е особено ставен концернот Фолксваген, пред се‘ поради бројките од минатата година и најавената програма на штедење. Шефот Бернд Пишетсридер вели:

”Вообичаено се вели дека автомобилската индустрија во Женева се буди од зимски сон. Но, на темеператури како овие денеска во Женева, човек попрво мисли на зимски сон. Се надевам само дека тоа не важи и за конјуктурата. Можеби постои некаков импулс на пазарот, без кој мислам дека нема да може да се случи голем пресврт.”

На Фолксваген се гледа како на важен ”коњ за влечење”, како на производител кој се движи како меѓу широките народни маси, така и во благородничкиот сегмент.

”Ние ја оправдуваме таа улога. Ако на пример ги погледнете јануарските бројки во Германија, ќе видите дека тука бележиме зголемување. Така ќе биде сигурно и во февруари. Можеби ќе речете – коњот треба побргу да трча, и во тоа се согласувам.”

И додека Фолксваген мора да настапува повеќе воздржано, БМВ се презентира прилично самосвесно. Во февруари обртот е повторно зголемен во споредба со јануари. Концернот минатиот месец испорачал 77 илјади возила. Претседателот на Управниот одбор, Хелмут Панке, е демонстративно оптимистичен:

”За БМВ како претпријатие, Женева е се разбира еден сосема посебен настан, зашто ние овде го покажуваме новиот Туринг со пет врати, но и концептот М5. Ние сме прилично убедени дека 2004 година ќе биде нова врвна година со нови врвни вредности на обрт, како за БМВ, така и за Мини и за Ролс Ројс.”

Наспроти тоа, во Дајмлер Крајслер - пригушен оптимизам. Се очекува во 2004 година да се забележи малку поголем обрт во споредба со претходната година. Кај Опел надежите се полагаат во новата Астра. Освен тоа, концернот во Женева ја претставува студијата на еден мал автомобил. Во овој сегмент, според експертите, лежи всушност јачината на Женевскиот салон.