1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Отвореност за дијалог

Русија и Полска и покрај затегнатостите околу планираното стационирање на американскиот антиракетен систем и конфликтот во Грузија, остануваат во отворен дијалог.

default

Сергеј Лавров и Радослав Сикорски

Ова го нагласија министрите за надворешни работи на двете земји на разговорите во Варшава.

Кај двајцата министри беше воочливо олеснувањето. Ретко кога претходно Сергеј Лавров и Радослав Сикорски со задоволство и зачестено зборуваа за взаемна доверба и подготвеност за дијалог. Освен тоа билатералните односи паднаа на најниско ниво, откако Полска изрази согласност со американскиот анти ракетен систем. Москва не чувствува загрозеност за својата безбедност од Полска, туку од страна на САД, изјави Лавров:

„ Русија не ја промени позицијата во однос на американскиот ракетен план. Исто така ние не гледаме закана за руската безбедност од Полска. Меѓутоа не можеме да го игнорираме тоа што американската воена инфраструктура ќе постави ракетни бази на нашата граница. Чекаме на конкретни предлози од страна на САД, со кои нашите грижи можат да бидат отстранети. Врз оваа база ние сме подготвени за консултации„ изјави Лавров

Радослав Сикорски го почитува ваквиот став на Москва. Од своја страна тој ја увери Москва дека соработката околу планираната ракетна одбрана ќе се одвива на транспарентен начин и со целосна доверба:

„ Полска ќе залага за постигнување на неопходната доверба. За тоа сум подготвен да разговарам со двајцата кандидати за американски претседател„

НАТО да не брза со проширувањето

Руското раководство со загриженост гледа и на дискусијата околу можностите за членство во НАТО на Грузија и Украина. Западната воена алијанса на треба да избрзува, изјави Лавров предупредувајќи од нови тензии:

„ Што се однесува до проширувањето на НАТО, ние повеќепати подвлековме дека за тоа нема реална основа. Сите бебзедносни проблеми во Европа може да се решат, без едно структурно проширување на НАТО и без приближувањето на Алијансата на руската граница„

Информациите според кои Грузискиот сепаратистички регион Јужна Осетија побарала спојување со Русија, Лавров ги оцени како погрешни:

„ Јужна Осетија нема желба да се приклучи кон некого. Но исто така Јужна Осетија сваќа дека без прогласување на независноста не може да се грижи за сопствената безбедност„