1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Отворени граници со Шенгенскиот договор

Шенгенскиот договор за слободна Европа без гранични контроли припаѓа на најуспешните приказни на ЕУ. По почетните критики, патувањето без пасош денес има поддржувачи како никогаш претходно.

На 14 јуни 1985-та година Белгија, Германија, Франција, Луксембург и Холандија потпишаа договор во луксембуршкото место Шенген. Тоа овозможи постепено укинување на проверките на нивните заеднички граници. Пет години подоцна петте држави потпишаа друг договор, со кој се регулира под кои услови може да се гарантира слободното движење на луѓето.

Обединувањето го одложи стапувањето во сила

Symbolbild Reisepass Ungarn Serbien

Повторното воведување на внатрешните гранични контроли во Шенген зоната е можно само во исклучителни ситуации



Поминаа дополнителни пет години, до 26-ти март 1995 година, додека Шенгенскиот договор да стапи во сила. Одложувањето беше поради повторното обединување на Германија. Белгија, Германија, Франција, Луксембург, Холандија, Шпанија и Португалија ги укинаа на овој ден контролите на границите.

Со стапувањето во сила во 1999-та година на Договорот од Амстердам, Шенгенскиот договор беше интегриран во законодавството на ЕУ, со што се придонесе за слободата на движењето – еден од најзначајните принципи на внатрешниот пазар.

Во 142 члена, покрај укинувањето на контролите на границите, се вклучени и хармонизацијата на визната политиката на азил, заедничката борба против криминалот со дроги и засилените контроли на надворешните граници. Освен тоа, создаден е и Шенгенскиот информативен систем со кој денес сите полициски станици во ЕУ можат за неколку секунди да разменат податоци за бараните лица.

Шенген - зоната значајно порасна

Grenze Grenzübergang Bulgarien Türkei Schengen Außengrenze Kapitan Andrejewo Thrakien

Бугарија и Романија ќе почекаат на кревањето на граничните рампи

По неколку проширувања, во меѓувреме Шенгенскиот договор се користи во 25 земји во Европа. Покрај 22 земји-членки на ЕУ (Белгија, Данска, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Австрија, Полска, Португалија, Шведска, Словачка, Словенија, Шпанија, Чешка, Унгарија), на договорот целосно му се приклучија и Исланд, Норвешка и Швајцарија. Посебни правила важат за Ирска и за Велика Британија. Укинувањето на граничните контроли во Кипар останува нејасно се’ додека не биде најдено решение за кипарскиот конфликт. Бугарија и Романија се очекуваше да ги кренат граничните рампи на крајот од 2012-та, но одлуката за тоа ЕУ можеби ќе ја донесе во 2013-та година.

За граѓаните од ЕУ слободното движење на лицата во рамки на Шенген зоната во голема мерка е реализирано. Во исклучителни случаи, на пример за време на големи меѓународни настани, контролата на внатрешните граници би можела повторно да биде воведена. Тоа се случи, на пример, за време на Европските или пак Светски првенства во фудбал, како и пред одржувањето на самитите на Г-8 или НАТО. Договорот е проширен и на жителите од трети земји, барателите на азил и легалните имигранти, со цел да се усогласат процедурите во Шенген - зоната.