1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворена филхармониската сала Елба

Конечно отворена! Филхармониската сала во Хамбург сака да е дел од најубавите концертни сали во Европа. На првиот концерт вчеравечер беа поканети над 2.100 гости.

По речиси десет години изградба, филхармониската сала Елба, или популарно наречена Елфи, е готова. Првиот концерт во Хамбург го следеа над две илјади гости од политиката, бизнисот и културата, меѓу кои и сојузниот претседател Јоахим Гаук и канцеларката Ангела Меркел. „Ова е место каде силата на музиката која врзува, инспирира и усреќува, ќе може да ја почувствува секој“, оцени Гаук. Според него, популарноста и привлечната сила на филхармонсиката сала се голема шанса за со класична музика да бидат „заразени“ што е можно повеќе луѓе. Гаук го охрабри Хамбург да ја искористи Елфи за себепромоција: „Искористете ја можноста што ви ја нуди оваа куќа“, за филхармонијата да стане она што си го посакуваат многу граѓани на Хамбург - „симбол на една кон светот отворена разнолика метропола и скапоцен камен на културната нација Германија“, рече Претседателот.

Deutschland Hamburg Eröffnung der Elbphilharmonie - Gauck, Merkel u.a. (Getty Images/AFP/T. Schwarz)

Во Хамбург вчеравечер беше секој што нешто значи во политиката, бизнисот и културата

Изградбата на Елфи почна на 2 април 2007 година. Концертниот објект, кој освен голема, има и мала концертна сала, хотел со 244 соби и 44 станови, требаше да биде завршен уште пред седум години. Трошоците од првично предвидените 77 милиони евра експлодираа на 789 милиони од даночните обврзници, како и 57,5 милиони евра од донации. Тоа беше причина за безброј критики во јавноста. Градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц, меѓутоа, вчеравечер не сакаше да зборува за проблемите при изградбата, туку побара посетителите да ѝ се радуваат на вечерта. „Концертите во првата половина од годинава се сосема распродадени“, не заборави да додаде Шолц.

Гледај видео 00:22

Филхармониска сала Елба

Раководителот на туристичката бранша во Хамбург, Михаел Отремба, смета дека бројот на гости во Хамбург ќе се зголеми, особено на посетителите од САД и Азија.

Аудио и видео прилози на оваа тема