1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворена огромна католичка црква во Бразил

Во бразилската метропола Сао Паоло свечено е отворена една од најголемите католички цркви во светот. Бразил е земја со најголем број католици во светот.

Свештеникот Марчело Роси кој во Бразил има статус на поп ѕвезда по повод отворањето на огромната црква Св. Богородица оддржа богослужба во внатрешниот дел на храмот , кој , кога ќе биде целосно завршен ќе може да собере и до 20 илјади верници. По завршувањето на последните градежни работи , црквата заедно со нејзиниот надворешен двор ќе нуди простор за преку 100 илјади верници.

Објектот изграден според проектот на архитектот Ру Отаке се простира на површина од околу 30 илјади квадратни метри, која порано била фабрички комплекс.

Црквата Св. Богородица ќе биде најголемо светилиште во Бразил, изјави отецот Марчело Роси, кој во неговата земја има продадено милиони книги ЦД-а, и ДВД-а. Култот околу отецот Роси , кој е водач на движењето Харизматична обнова основано во 60-те години на минатиот век во истовреме е и контрапункт на засилено растечкиот евенгелизам во земјата

Бразил со 123 милиони членови на римо-католичката црква е земја со најголем број католици во светот.  Сепак бројот на припадници на евенгелистичката црква повеќе години наназад забрзано расте.