1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Отворена македонска амбасада во Приштина

Македонија го подржува територијалниот интегритет на Косово и ќе му помогне во процесот на визна либерализација, изјави шефот на македонската дипломатија. Во Приштина е отворена амбасада на Република Македонија.

default

Министерот Милошоски присуствуваше на отворањето на амбасадата во Приштина

Во Приштина денеска е отворена амбасада на Република Македонија. На свеченоста присуствуваа шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, како и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и министерот за надворешни работи Скендер Хисени. На средбите што претпладнето ги имаше гостинот од Македонија со највисоките претставници на власта на Косово е нагласено дека Косово и Македонија претставуваат пример на

Pristina, Sportpalast

Приштина

добрососедска соработка во регионот. Милошоски, кому ова му е прва посета на Косово, по средбата со колегата по функција Хисени рече дека Македонија ја подржува територијалната целовитост на Косово и деке понудил помош од Македонија во процесот на визна либерализација.

Македонскиот министер им се обрати на косовските новинари и на албански јазик, велејќи дека Косово и Македонија силно се залагаат за мир во регионот, за добрососедство и за економска соработка. Потоа, одоговарајќи на новинарски прашања, рече дека Македонија може да послужи како добар пример за мултиетничка држава.

Косово и Македонија ќе ја интензивираат соработката

Министерот за надворешни работи на Косово Скендер Хисени му се заблагодари на колегата од Македонија за признавањето на независноста на Косово и за подршката што Македонија му ја дава на Косово. „Оваа земја е важен партнер на Косово во сите предизвици кои стојат пред нас како поединечни држави, но и во предизвиците кои стојат пред регионот на Западен Балкан“, рече Хисени. Се договоривме, додаде тој, да ја интензивираме соработката во областите кои се од обострана корист за нашите земји.

Fatmir Sejdiu.jpg

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу

По разговорот со претседателот на Косово немаше изјави за медиумите, а во соопштението од кабинетот на Сејдиу се наведува дека министерот Милошоски нагласил оти потпишувањето на четири нови билатерални спогодби претставува доказ дека Македонија и Косово се посветени на тоа, заеднички да работат за постигнување на заедничките цели.

Република Македонија ќе биде нареден претседавач со Советот на Европа од мај до ноември годинава и во тек на тој период ќе им биде на услуга на косовските институции, за да им помогне како и досега, рекол Милошоски.

Косовскиот претседател нагласил дека Косово и Македонија, како први соседи, имаат заеднички цели и амбиции и додал дека е уверен оти Македонија, како и досега, ќе му дава подршка на Косово во меѓународните институции и форуми во кои таа учествува.

Автор: Зулфија Јакупи/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска