1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворена изложбата „Документа“

Германскиот претседател Јоахим Гаук ја отвори уметничката изложба „Документа“ во Касел. Секои пет години градот сто дена се претвора во центар кој ги привлекува вљубениците на современата уметност.

„Документа“ оваа година повторно се претставува еминентно политички, а ја отвори германскиот претседател Јоахим Гаук. Светски најважната изложба на современа уметност се одржува по 13. пат. До 16. септември се очекуваат 750 илјади посетители, исто колку и во 2007. година.

Листата учесници опфаќа околу 300 имиња, меѓу нив и научници, соработници на кураторски тимови и веќе починати уметници. Она што ќе биде изложено, „може да е уметност или не“, изјави шефицата на „Документа“, Каролин Кристов-Бакаргиев при претставувањето на нејзиниот концепт.

documenta (13)

Спектакуларна видео инсталација од по потекло јужноафриканскиот уметник Вилијам Кентриџ

„Границите меѓу она што е уметност и она што не е, се неважни“, смета таа.

Изложбата сака да ги следи настаните „кои оставаат печат на моментите во кои се менува светот“, гласи нејзиниот концепт, поради што се поканети и научници, активисти и филозофи.

Освен во музеите и во парковите уметноста може да се види и на многу секојдневни места, на железничката станица, во еден бункер, хотел со балска сала, во стоковните куќи или празните деловни простории.