1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Отворање пат кон предвремени избори?

Иницијатива на ДУИ за самораспуштање на македонскиот парламент, што би можело да значи и нови избори. Доколку кон иницијативата се приклучи и ВМРО ДПМНЕ, би можеле да се соберат потребните 61 глас во Собранието

default

Дали пратениците ќе гласаат за самораспуштање на Парламентот?

Опозиционата ДУИ денеска ќе иницира самораспуштање на македонскиот парламент. Оваа потпишана иницијатива од пратениците лидерот Али Ахмети му ја предочил и доставил на премиерот Никола Груевски на крајот на меѓулидерските средби кои вчеразапочнаа во Скопје на покана на премиерот.

Оваа влада нема капацитет да управува со земјата и да ги реши приоритетите: НАТО и спорот со Грција, вака ги образложи мотивите за иницијативата Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ.

За самораспуштањето на Парламентот што отвора врата за нови избори, потребни се 61 глас. Ако кон оваа опција се приклучи и владеачката ВМРО ДПМНЕ, тогаш ќе се формира мнозинство.