1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Отворање на ЕКСПО 2012

Со голема церемонија на отворање денеска во јужнокорејскиот пристанишен град Јеосу почнува светската изложба ЕКСПО 2012.

Тримесечната изложба, за која беше потребно време од четири години да се постави, е под мотото „Живиот океан и брегот“. Притоа, меѓу другото, станува збор за одржливо искористување на океаните, како и за заштита на морињата и на крајбрежјето. Изложбата ќе ја отвори јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг Бак. На ЕКСПО учествуваат повеќе од 100 земји, а свој павилјон има и Германија.

Просторот на којшто се излага во Јеосу има површина од 1,74 квадратни километри и лежи директно на море. Во изградбата на Експо-Паркот, според официјални наводи, се влеале инвестиции од 1,9 милијарди долари и околу 8,7 милијарди долари инфраструктурни мерки на владата.

Организаторите на светската изложба сметаат со околу десет милиони посетители, од кои половина милион странски туристи, претежно од Кина и Јапонија.