1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Осум години без победа на ЕП

По 0:0 против Летонија во Порто, гермнската фудбалска репрезентација, веќе осум години не постигнала гол на завршницата на Европско првенство. Последна победа на европско фудбалско првенство забележана е на 30 јуни 1996 година на лондонскиот Вембли стадион во финалето против Чешка, со така наречениот“ Златен гол ” на Оливер Бирхоф во продолжението.

Германија - Летонија

Германија - Летонија

Германската фудбалска репрезентација синоќа играше без голови. Со 0:0 против Летонија во Порто, Германците ја прокоцкаа шансата за добра позиција во групата. Сепак шефот на тимот Руди Фелер е самоуверен и смета дека неговата репрезентација ќе се пласира во вториот дел на првенството. Михаел Балак по натпреварот со Летонија изрази жалење за неискористените шанси

“Дадовме се од себе, се обидовме да постигнеме гол, знаевме дека е многу тешко, бидејќи беа поставени дефанзивно. И покрај тоа игравме мирно, но не ги искористивме шансите и затоа сме разочарани. Сега мора да победиме на последниот натпревар.”

Во вториот натпревар од оваа група со победа од 3:2 против Холандија, Чешка освои нови поени и воедно е и првата репрезентација која на Европското првенство во Португалија се пласира во четвртфиналето. На второ место во групата Де е Германија со 2 поени.

Добри шанси за натамошен пласман има и нацоналната репрезентација на Грција, под водство на Германецот Ото Рехагел. На денешниот натпревар против Русија, и нерешен резултат ја носи Грција во четвртфиналето. Во вториот натпревар од групата А домаќинот Португалија во Лисабон се среќава со соседот Шпанија, само со победа Луис Фиго и неговите соиграчи може да ги сочуваат шансите за осовјување на титулата.