1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Осуммина уапсени во врска со осуетените атентати во Лондон

*

Британската полиција испитува осум лица за поврзаност со обидите за атентати во Лондон и нападот во Глазгов. Поголемиот дел од нив се доктори и потекнувааат од Блискиот Исток. Последниот уапсен е лекар од Индија, а беше задржан синоќа на аеродромот во Бризбејн, Австралија. Британската министерка за внатрешни, Џеки Смит изјави дека истрагата се води на 19 места и дека безбедносниот степен, кој сега е на највисоко, критично ниво ќе биде симнат кога ќе се случајот ќе се расветли до крај.