1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Осумдесет илјади загинати од катастрофата во Азија

Бројот на жртвите од смртоносните цунами бранови во Јужна Азија достигна до осумдесет илјади. Додека најпогодените земји и странските влади ги бројат жртвите, хуманитарните организации соопштија дека милиони луѓе се борат со последиците од големата катастрофа.

Авион со хуманитарна помош за погодените подрачја

Авион со хуманитарна помош за погодените подрачја

,, Над пет милиони луѓе се евакуирани како последица од цунамите, а исто толку се изложени на дополнителен ризик од зараѕни болести, соопшти Светската здравствена организација пет дена откако жителите од азиското крајбрежје ја доживеаја можеби најголемата катастроофа последниве двесете години.

,, Ни требаат шатори, многу шатори,, апелираше гувернерот на провинцијата Никобарен, Пракаш Капсе, кој им се приклучи на илјадниците доброволци ангажирани за санирање на последиците од несреќата. Додека во погодениот регион пристига помош од целиот свет, владата во Индија преупреди на можен нов удар од цунамите.

Бројката на жртвите, во меѓувреме, се искачи на 80 илјади. Властите во Индонеѕија потврдија дека ѕагинале над 45 илјади жители на земјата. Ѕагинале 23 илјади жители на Шри Ланка, 10 илјади Индијци, како и околу 700 туристи кои се затекнале во регионот за време на несреќата.

Додека земјите ги бројат настраданите чија бројка постојано расте, Светската организација ја спроведува можеби најголемата хуманитарна операција во својата истрорија. Генералниот секретар Кофи Анан, кој дури денеска го прекина својот одмор, се договори со неговиот помошникот за хуманитарни прашања Јан Егеланд да се органиѕира донаторска конференција со цел да му се помогне на настраданиот регион. Он соопштија дека до сега земјите донаторки потврдиле дека ќе издвојат вкупно 220 милиони долари за земјите погодени од смртоносните цунами.

,, 95 % од ресурсите се наменети за поддршка на земјите погодени од катастрофата,м односно за санирање на последиците. Од друга страна, стои фактот дека многу поефективно, дури 5 пати поефтино ќе беше доколку тие пари, пред катастрофта, беа инвестирани во опрема. Тоа ќе им помогнеше на владите да спроведат технологија за рано предупредување од природни несреќи,, соопшти помошникот на генералниот секретар, Џон Хардинг.

Сепак, промблем претставува и доставувањето на хуманитарната помош. Храната, лековите, шаторите и ќебињата во многу региони не можат да стигнат до крајната дестинација, затоа што смртоносните бранови целосно уништија многу патишта на азиското крајбрежје.