1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуетен бомбаш-самоубиец во Вашингтон

Марокански државјанин беше уапсен синоќа во близина на американскиот Конгрес додека се обидувал да активира лажен експлозив, во успешна операција на Федералното истражно биро- ФБИ.

Приведениот Амин Ел Халифи кај себе имал пиштол од кој не можело да се пука и инертен експлозив, кои ги набавил преку агенти на ФБИ, соопштија официјални американски претставници.

Ел Халифи носел на себе самоубиствен појас со намера да го активира откако ќе влезе во зградата на американскиот парламент. Тој верувал дека работи за Ал Каеда, но целиот заговор, целите и методите за нападот ги разработувал самиот.

Портпарол на американското министерство за одбрана изјави дека осомничениот Ел Халифи бил внимателно следен и дека експлозивот кој го поседувал не можел да експлодира, па оттука немало никаква опасност за граѓаните.

29-годишниот Ел Халифи бил следен околу една година, соопштија официјални лица кои инсистираа на анонимност, додавајќи дека тој престојувал со истечена виза во земјата.

Осомничениот на неколку пати ги менувал целите на нападот, но конечно се одлучил за напад врз Конгресот, откако повеќе пати ја обиколил областа околу зградата на Капитолот.

Официјалните лица не веруваат дека тој бил поврзан со терористичката организација Ал Каеда, која го изведе нападот врз Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година.

Лица блиски до истрагата велат дека Ел Халифи пред да биде уапсен повеќе недели бил следен во чекор.

Автор: БГ/ап/дв

Редактор: Жана Ацеска