1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Осуетен атентат во Измир

*

Турската полиција осуети атентат во градот Измир. Во акцијата се уапсени седум лица, припадници на курдските бунтовници и заплени експлозивни средства. Приведените се осомничени дека планирале напади по одлуката на турскиот парламент да и даде зелено светло на владата за можна воена интервенција во северен Ирак за неутрализирање на курдските бунтовници. Според Анкара околу 3500 припадници на курдската ПКК се наоѓаат во Северен Ирак и имаат поддршка од ирачките Курди. Во 1984 година оваа група започна со сепаратистичката вооружена борба во Турција во која досега загинаа над 37 000 лица.