1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Осуден поранешен шеф на Енрон

Поради измамнички зделки пред крахот на американскиот енергетски концерн Енрон, поранешниот шеф на фирмата Џефри Скилинг е осуден на казна затвор од 24 години и 4 месеци.

Од “Енрон“ судскиот процес во Хјустон

Од “Енрон“ судскиот процес во Хјустон

Судот во тексашкиот град Хјустон освен тоа, го задолжи 52-годишниот Скилинг да им плати на инвеститорите обештетување од 45 милиони долари. Банкротот на Енрон е еден од најголемите во американската економска историја поради кој илјадници вработени ја загубија работата, а беше загубена милијарда долари од пензиските фондови.