1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Осуден на смрт роднината на Садам

*

Роднината на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, Али Хасан ал Маџид, познат како „хемичарот Али„ е осуден на смрт поради геноцид против Курдите. Вонредниот суд во Багдад казната ја изрече поради настаните во 1988 година во Северен Ирак, кога Маџид наредил употреба на отровен гас во офанзивата против Курдите. Меѓу февруари и крајот на август таа година, на тој начин биле убиени скоро 180 илјади луѓе.