1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Осудена акцијата во Либан

Ионака кревкото примирје во Либан за време на викендот го доживеа првиот тежок испит. Израелските трупи во саботата изутрина водеа жестоки борби со Хезболах во долината Бека. Одговорноста за прекршувањето на примирјето генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан му ја префрли на Израел. Владата во Бејрут реагираше налутено и со загржиеност. Известува Јерг Камински:

Малку трупи за Либан

Малку трупи за Либан

Либанскиот министер за одбрана Елис Мур двапати настапи со остри зборови. Најнапред ултимативно бараше од Обединетите нации да го осудат израелскиот напад во долината Бека како кршење на примирјето. Во спротивно либанските трупи ќе застанат. Кога Обединетите нации приближно го исполнија тоа барање, Мур ги предупреди внатрешните и надворешните непријатели на неговата земја. Мораат да сметаат на остар одговор од неговите војници. Тоа важи и за Израел подвелече Мур:

„И дадов наредба на либанската армија да влезе во долината Бека. Ќе биде стационирана на целата граница кон Сирија. Војниците имаат наредба да возвратат на секој израелски напад врз Либан„.

Потоа Мур ги предупреди оние сили во Либан што ќе се обидат да истрелаат ракети врз Израел. Иако е сигурен дека не верува оти Хезболах ќе го прекрши примирјето, посматрачите неговите зборови ги толкуваат како индиректно предупредување до Хезболах.

Во канонадата остри зборови се приклучи и либанскиот премиер Фуад Синиора. При посетата на посебно разурнатите јужни предградија на Бејрут, тој го обвини Израел за злосторство против човештвото. Бомбардирањата ја документираат израелската омраза со која се сака да се разорат Либан и единството на земјата, изјави Синиора.

Инаку, последниот израелски напад во Либан го вознемири генералнот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, според кого Израел ја прекрши резолуцијата на светската организација со што го загрози примирјето.

Пратеникот на Анан, Терје Ларсен кој во моментов се наоѓа во Бејрут, во врска со израелската акција предупреди на опаснота од повторно разгорување на војната:

„Загрижени сме поради ветувањата за меѓународните сили и за можни одмазнички напди на Хезболах. Тоа уште еднаш ќе ја вжешти ситуацијата која, во најлош случај, може да излезе од контрола„.

Сепак, во една точка Либанците и Израелците се единствени. Обете страни ги критикуваат Обединетите нации и пред се големите западневропски држави зашто досега не ветија контингенти за меѓународните сили во Либан вредни за спомнување.