1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуда на терористичкиот напад во Маракеш

Меѓународната заедница е шокирана од нападот во мароканскиот град Маракеш во кој загинале најмалку 18 лица. Безбедносни експерти сметаат дека зад овој акт на терор стои Ал Каеда односно нејзина ќелија во Мароко.

default

Експолозија во Маракеш

Фасадата на кафулето „Аргана“ на прочуениот плоштад Џемаа Ел Фна е разнесена. Експлозијата го уништи речиси целиот прв кат од зградата во која се наоѓа кафулето, кое важи за магнет за странските туристи. Од неговата тераса имено се пружа извонреден поглед на плоштадот, кој е опкружен со прекрасни историски градби и на кој има многу улични забавувачи и тезги со сувенири. Меѓу загинатите во вчерашната експлозија има 11 странци.

Иако првичната верзија на властите беше дека странува збор за несреќен случај, набргу потоа портпаролот на владата Калид Начири потврди дека станува збор за терористички напад: „Експлозијата има криминална заднина. Нашата првична претпоставка дека експлодирале неколку канистри со гас за домаќинство, моравме подоцна да ја ревидираме. Станува збор за напад, атентат.“

NO FLASH Explosion in Marokko

Меѓународната заедница го осуди нападот

Досега никој ја нема преземено одговорноста за нападот и ситуацијата е непрегледна. Последен пат терористички напади во Мароко се случија во градот Казабланка во 2003 година. Безбедносните експерти меѓутоа шпекулираат дека зад атентатот во Маракеш стои групата Ал Каеда во исламски Магреб, северноафриканска ќелија на терористичката мрежа која ја предводи Осама Бин Ладен.

Меѓународната заедница е ужасната од теророт во Маракеш, кој досега важеше за релативно безбедно место. Советот за безбедност на ОН остро го осуди нападот во Маракеш и им изрази сочувство на семејствата на жртвите во овој како што го нарече „ужасен акт“. Секоја форма не тероризам е криминална и не може да се оправда, се вели во соопштението на Советот. И генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун жестоко го осуди насилството врз недолжни цивили, со кое не може да се оправда со ниту една политичка цел.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле пак изјави дека ова злосторство не смее никако да доведе до тоа, да биде поткопан реформскиот процес, што се одвива во Мароко.

Автор: СН/ АТ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема