1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуда на Сирија во ОН

Нова резолуција во ОН против режимот во Сирија. Претставник на Дамаск обвинува за дипломатска војна.

default

Протести во Дамаск

Комитетот за човекови права на ОН денеска треба да гласа за резолуцијата со која се осудува насилствата врз цивилите во Сирија која ја предложија Германија, Велика Британија и Франција. Резолуцијата е поддржана од 60 други земји и во неа се осудува режимот во Дамаск поради убиството на повеќе од 3.500 цивили за време на продемократските протести. Сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари обвини дека со поднесувањето на нацрт-резолуција е објавена политичка и дипломатска војна против неговата земја.

Џафари, кој зборуваше на седницата на Комитетот истакна дека овие три држави страдаат од „Сирија-фобија“.

Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад е в безизлез, но само Сиријците можат да предизвикаат промени, што е подобро отколку надворешна интервенција, изјави турскиот претседател Абдула Ѓул за британскиот весник „Гардиан“.

Одбивањето на претседателот Асад да го спроведе планот за излез од кризата, предложен од Арапската лига, меѓународните преговори ги направи невозможни, рече Ѓул.

Автор: БГ/ миа/ дв

Редактор: Симе Недевски