1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Осуда на Орав за терминот „славомакедонци“

Македонската влада со протест и осуда до евроамбасадорот Аиво Орав за употребата на терминот „славомакедонци“.

Во однос на употребата на терминот „славомакедонци” од страна на амбасадорот Аиво Орав, Владата на Република Македонија смета дека ваквиот однос не придонесува кон решение на отвореното прашање кое земјата го има со јужниот сосед, и изразува силно несогласување, протест и осуда на тоа.

„Доколку ова е нечија идеја со различно однесување на определени претставници Европската комисија во еден момент да ни се допадне нам користејќи го терминот ’македонски’, а во друг момент да им се допадне на нашите соседи користејќи го терминот ’славомакедонци’, треба да биде свесен дека со ваков однос никако не придонесува кон решавање на отвореното прашање“, се вели во денешното соопштение од Владата на Република Македонија.

Покрај тоа што со ваквиот однос се внесува забуна во процесот, се создава и основен проблем дека вака и со вакви недоследности, не се создава терен за резултат од процесите. Водејќи се од потребата да се смири бранување во една или друга земја, а притоа бранувањата и да се создаваат со ваквото однесување, треба да се биде свесен дека не може да се постигнат резултати.

„Со ваквиот однос амбасадорот Орав треба да знае и да е свесен дека се изразува непочитување на основниот принцип на самоопределување и самоименување. Исто така, со овој однос, треба да знае дека свесно или несвесно се покажува дека отвореното прашање не е само за името на нашата земја, туку и за идентитетот, со што и самата Европска комисија ја вовлекува на опасен терен во еден спор чии рамки се дефинирани од страна на Обединетите Нации“, се посочува во соопштението.

Владата ги цени напорите на Европската Комисија во процесот на проширување, но, како што се наведува, апелира на принципиелен однос од сите нејзини претставници по однос на ова за нас исклучително важно прашање.