1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Осуда на одлуката на Мудис за Португалија

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле жестоко ја критикуваше одлуката на американската рејтинг-агенција Мудис да го намали рејтингот на Португалија за четири степени.

German Finance Minister Wolfgang Schaeuble speaks with the media during a meeting of EU finance ministers in Godollo, Hungary, Saturday, April 9, 2011. EU finance ministers on Saturday defended harsh austerity measures as a necessary means to defeat the current debt crisis. (AP Photo/Virginia Mayo)

Министерот за финансии, Волфганг Шојбле

Намалувањето на рејтингот не е образложено со факти, изјави Шојбле во Берлин и побара прекинување на олигополот на рејтинг-агенциите Мудис, Фич и Стандард и Пурс. Во меѓувреме, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во Стразбур најави дека до крајот на годината ќе бидат поднесени предлози за подобрување на транспарентноста и методиката во рејтинг-сферата. Мудис вчера го намали рејтингот на Португалија со образложение дека постои голем ризик, на владата во Лисабон да и‘ биде потребен втор финансиски пакет за спас. Во моментов државите од евро-зоната и ММФ гарантираат со околу 78 милијарди евра.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Горан Чутаноски