1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуда на нападот во Египет

По крвавиот напад врз коптските христијани, илјадници луѓе учествуваа во погребот на жртвите, кој се одржа во манастирот Мармина во египетскиот град Александрија.

default

Протести по нападот во Александрија

Во самоубиствениот напад, веднаш по почетокот на Новата година, атентаторот со себе во смрт однесе 21 човек и рани речиси 80. Според министерството за внатрешни работи во Каиро, нападот се случил пред една црква, каде биле собрани околу илјада верници на новогодишна богослужба.

Hosni Mubarak

Хосни Мобарак: „Оние кои мислат дека ќе поминат неказнето, се лажат.“

Египетскиот претседател Хосни Мубарак смета дека зад нападот стојат странски терористи:

„Ќе им порачам на терористите кои планираат вакви напади против нас, дека ние ја добивме битката против тероризмот и во 90-те години. Оние кои мислат дека ќе поминат неказнето, се лажат.“

Американскиот претседател Барак Обама и ополномоштеникот на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон остро го осудија нападот. И папата Бенедикт Шеснаесетти во својата неделна молитва го осуди нападот врз коптските христијани во Египет.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв

Редактор: Жана Ацеска