1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Осуда на вандалскиот чин во Охрид

Локалната самоуправа во Охрид најостро го осуди синоќешниот немил инцидент, во кој непознати сторители со спрејови испишале пароли „Македонија“, и други пораки на три грчки автобуси паркирани во центарот на градот.

default

Охрид

„Македонија“ и „Обединета Македонија“, ова се пораките кои синоќа непознати сторители ги испишале на автобусите од Грција, паркирани во непосредна близина на хотелот Палас во Охрид. Со трите автобуси во градот пристигнале околу стотина грчки туристи за да го прослават верскиот празник прочка. Тие наведоа дека се вознемирени од инцидентот и оти нема по убаво да го паметат Охрид. Утрината околу десет часот, со засилено полициско обезбедување, грчките туристи си заминале од градот.

Лош пример за имиџот на градот

Жителите на Охрид го осудија инцидентот, за кој сметаат дека ќе влијае негативно на туристичкиот имиџ на градот. Реагираше и локалната самоуправа. Портпаролот на општината, Никола Маневски, предупреди дека ваквите испади се сметаат како отворена пропаганда против градот кој е познат по своите туристички капацитети и верски обележја. Тој апелираше до граѓаните и политичарите да сфатат дека туризмот и празнувањето на верските празници немаат допирна точка со дневната политика.

Локалните власти се извинија

Од општината очекуваат дека органите на прогонот ќе бидат ефикасни во откривањето и казнувањето на сторителите. Од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, претпладнево било испратено писмо со извинување до Канцеларијата за врски на Грција во Скопје. Во него се наведува дека органите ќе ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на случајот.