1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуда на атентатот во Ерусалим

Германската канцеларка Ангела Меркел најостро го осуди атентатот врз религиозното училиште во Ерусалим.

default

Израелски граѓани насобрани пред религиозното училиште во Ерусалим, каде беше извршен атентатот


Портпаролот на владата Улрих Вилхелм денеска во Берлин порача дека таа и по телефон разговарала со израелскиот премиер Ехуд Олмерт, кому му изразила сочуство за загубата. Слични реакции дојдоа од повеќе страни во светот.
Американскиот претседател Џорџ Буш покрај изразите на сочувство, му вети целосна солидарност на израелскиот премиер Ехуд Олмерт на САД со неговата земја. И генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун го осуди чинот, иако во Советот за безбедност беше блокирана поднесената резолуција за осуда. Најсилен беше отпорот од Либија, која моментално е членка на Советот.
Амнести интернешенал исто така го осуди атентатот, во кој животот го загубија осуммина ученици од религиозното училиште на возраст од 15 до 26 години. Но, истовремено и предупреди од одмазднички акции на израелската армија. „Животите на палестински цивили кои не се одговорни за вчерашниот напад во Ерусалим не смеат да бидат доведени во опасност„ порача директорот на Амнести за Средниот исток, Малколм Смарт. Тој побара исто така израелската армија да не спроведува мерки на колективна одмазда против палестинското население на автономните подрачја.
Израелските сили за безбедност меѓутоа веќе спроведоа опсежна рација во Ерусалим и во Западниот брег и ги блокираа сите палестински територии за наредните 36 часа. Палестински извори од Источен Ерусалим го идентификуваа напаѓачот како Ала Абу Даим, стар 20-тина години, кој неколку години работел како возач во религиозното училиште. Неговата куќа денеска осамна накитена со знамиња на повеќе радикални движења на Палестинците, а нападот предизвика славење на улиците во Појасот Газа. Тие го доживуваат атентатот како праведна одмазда за 120-те палестински жртви во операцијата на израелската армија претходните денови во Појасот Газа.