1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуда за Сирија во Советот за безбедност

Советот за безбедност на ОН синоќа (12.07) ги осуди нападите врз амбасадите на САД и Франција во сирискиот главен град Дамаск.

default

Советот за безбедност на ОН побара од сириската влада да го штити персоналот и дипломатската сопственост на странските држави. Приврзаници на претседателот Башар ел Асад во понеделникот се обидоа да продрат во двете зданија, но беа спречени во тоа. Нападите на двете амбасади беа реакција на изразите на солидарност на САД и Франција со протестното движење во земјата. Американскиот претседател Барак Обама го критикуваше претседателот Асад дека брутално се пресметува со демонстрантите и оцени дека ја пропуштил можноста за воведување реформи.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Борис Георгиевски