1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осуда за Северна Кореја

Советот за безбедност на ОН го осуди севернокорејското лансирање на ракетата и ќе ја продолжи расправата за тоа, како да одговори на кршењето на забраната на ОН за Пјонгјанг да развива балистички ракети.

Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Северна Кореја поради лансирањето на ракетата со долг дострел и предупреди дека е можно да преземе одредени мерки поради таа нејзина постапка. „Членовите на Советот за безбедност го осудуваат истрелувањето на ракетата, кое претставува јасно нарушување на резолуциите 1718 и 1874 на Советот“, се наведува во соопштението од вонредната седница.

Европската унија исто така проверува можност за воведување натамошни мерки против земјата која веќе во голема мерка е изолирана. Пред се’ САД, Јужна Кореја и Јапонија се сомневаат дека зад ракетниот тест се крие тест на оружје, кое може да биде носач на атомски боеви глави и кое би можело да достигне и до САД. Раководството на Пјонгјанг тврди дека со ракетата бил лансиран во вселената сателит за времето.