1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Осуда за некролозите за Рудолф Хес

Еврејската заедница во Македонија остро реагираше на објавените некролози на нацистот Рудолф Хес од непознати „почитувачи“ во дневниот печат

default

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот го осудуваат објавувањето некролози за 25 години од смртта на нацистот Рудолф Хес во денешните изданија на весниците „Дневник“ и „Вест".

Во реакцијата, во која велат дека се згрозени од објавата на некрологот под кој се потпишани „негови македонски почитувачи“, Фондот и Меморјалниот центар потсетуваат дека Рудолф Хес бил именуван за заменик на Адолф Хитлер во 1933 година и имал голема улога во создавањето на антисемитските Нирнбершки закони две години подоцна.

„Би сакале да ги прашаме неговите почитувачи: Дали знаат што е нацизам?; дали ја знаат идеологијата што нацизмот ја застапува?; дали го знаат бројот на жртвите на нацизмот?; дали знаат што значи конечно решение и холокауст? и дали можат да одговорат на прашањето која е вината на милионите деца, меѓу нив и на новороденчиња на кои во гасните комори им беше окончан штотуку започнатиот живот? Се надеваме дека почитувачите на Рудолф Хес ќе се одважат и ќе одговорат на поставените прашања. Воедно би го поставиле и

Nürnberger Prozess 1946

Нирнбершкиот процес во 1946 година

прашањето -дали не е време да се донесе закон за забрана ширење на антисемитизам и негирање на холокаустот?“, стои во реакцијата.

Во денешните изданија на македонските весници „Дневник“ и „Вест“ денеска беа објавени некролози посветени на 25. годишнината од смртта на нацистичкиот злосторник.

„Минаа 25 години од смртта на човекот кој мина 46 години во затвор, само затоа што веруваше и остана доследен на неговата идеја и го презеде храбриот подвиг за мировна мисија. Затоа вечно ќе се памети затвореникот на мирот. Тој се осмели“, се наведува во некрологот, потпишан од неговите „македонски почитувачи“.