1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Осудата на Навални наиде на меѓународна критика

Осудата на критичарот на Кремљ Алексеј Навални наиде на меѓународна критика. ЕУ и САД изразија разочарување и загриженост поради петгодишната затворска казна за Алексај Навални.

ЕУ ја осуди пресудата за Навални, нагласувајќи дека обвиненијата за проневера не се докажани и оти изречената затворска казна „сериозно го доведува под прашање владеењето на правото во Русија“. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон изрази „загриженсот“ поради пресудате.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше пресудата против рускиот критичар на Кремљ Алексај Навални како „несразмерна“. „Се наметнува сомнежот дали во овој процес во преден план беа кривични мотиви“, се вели во соопштението од прес-службата на гераманската Влада во име на канцеларката.

Координаторот за Русија на владата во Берлин, Андреас Шокенхоф, судењето на Навални, пак, го нарече „шоу“, додавајќи дека репресивните мерки се обид за политичка неутрализација на Навални.

И Франција денеска изрази „загриженост“ поради пресудата за Навални. „Загрижени сме поради пресудата за Алексеј Навални на пет години затворска казна“, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Филип Лалио.

САД и’ се придружија на Европската унија во осудата на затворската казна од пет години за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведувајќи оти се „длабоко разочарани“ од одлуката на рускиот суд.

„САД се длабоко разочарани од одлуката Навални, обвинет за проневера, да се казни на пет години затвор во казнена колонија“, објави денеска на Твитер американскиот амбасадор во Русија Мајкл Мекфол. Тој истакна дека процесот против Навални „очигледно е политички мотивиран“.

Судот во градот Киров го осуди еден од лидерите на опозицијата и кандидат за градоначалник на Москва, Навални на пет години, а бизнисменот Пјотр Офицеров на четири години затвор. Тие се прогласени за виновни поради кражба на 10.000 кубни метри дрвен материјал и оштетување од 16 милиони рубљи на фабриката „Кировлес“.