1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Остхоф на слобода

По повеќе од три недели заложништво во Ирак, Германката Сузане Остхоф повторно е слободна.

Остхоф повторно слободна

Остхоф повторно слободна

Од вчера вечер таа е на сигурно во германската амбасада во Богдад, соопшти синоќа во Берлин министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер. За околностите на ослободувањето министерот не рече ништо:

По три недели неизвесност, министерот Штајнмајер синоќа можеше конечно да соопшти радосна вест: Сузане Остхоф веќе не е во рацете на грабнувачите и повторно е слободна:

„Од денеска таа е на сигурно во германската амбасада во Багдад и според нашиот впечаток по првите разговори, се наоѓа и во добра телесна состојба„.

Подробности за ослободувањето, на пример да се платени пари, министерот не соопшти. Три недели кризниот штаб на министерството за надворшени работи работеше под полна пареа за да воспостави контакт со грабнувачите. На видео пораката тие бараа од Германија да ја прекине соработката со Ирак. „Сојузната влада нема да дозволи да биде уценувана„, изјави канцеларката Ангела Меркел . На кој начин беше постигнато толку брзото ослободување на Сузане Остхоф не знаат ниту нејзините роднини, но нивната радост е безгранична. Братот на Сузане, Роберт за НТВ изјави:

„Мојата сестра е спасена. Јас сум среќен што е слободна. Повторно можеме да бидеме луѓе зашто ништо не може да не задржи по вакво доживување„.

Подеднакво олеснето се чувствува и министерот Штајнмајер:

„Семејството на госпоѓа Остхоф што го информиравме вечерва и нивните пријатели сакам да ги убедам дека ја споделувам нивната радост по овие недели на неизвесност„.

Амал Џабури, ирачка пријателка на Сузане Остхоф за Дојче веле изјави:

„Извонредна вест за мене зашто Сузане не само што е моја пријателка, туку и на ирачкиот народ„.

Инаку, се уште не е познато кога Сузане Остхоф ќе се врати во Германија.