1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Остри реакции поради нападот врз Карзаи

Вчера во Кабул, за време на воената парада по повод 16-годишнината од повлекувањето на советските трупи од Авганистан, група Талибанци стрелаа кон почесната трибина каде се наоѓаше претседателот Хамид Карзаи.

default

Меркел му изрази поддршка на авганистанскиот претседател Карзаи

Неуспешнот напад на Талибанците врз претседателот Карзаи предизвика остри меѓународни реакции.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека најостро го осудува нападот врз законските институции на авганистанската држава. Германската канцелака Ангела Меркел во телефонски разговор со Карзаи ја искажа загриженоста поади атентатот потврдувајќи дека Германија цврсто стои на својот ангажман во Авганистан, додека Францускиот претседател Николас Саркози ја потврди солидарноста на неговата земја со Авганистан.

Талибански борци, имено, за време на воената парада во Кабул стрелаа врз почесната трибина каде што освен претседателот Карзаи се наоѓаа и голем други политичари и странски дипломати. Карзаи неповреден беше однесен на сигурно. Непосредно потоа, Карзаи преку телевизијата повика на смиреност и рече дека ситуацијата е под контрола. Според информациите на авганистанското министерство за одбрана, во нападот загинале три лица: двајца пратеници и едно дете, а биле убиени и тројца од напаѓачите. Министерот за одбрана Абдул Рахим Вардак на прес-конференција изјави:

„Тројца за кои мислиме дека стрелаа се убиени од безбедносните сили. Претседателот нареди опсежна истрага„.

Политичкиот експерт, авганистанскиот принц Али Серај изјави дека претходно имало предупредување од страна на Талибанците:

„Ова е нешто што властите и силите на ИСАФ во Авганистан требаше да го очекуваат. Токму Талибанците упатија предупредување дека ќе направат нешто. Тоа покажува колку е слаб безбедносниот систем во Кабул“, оцени Серај.