1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Остри предупредувања за предизборните инциденити во Македонија

Европската унија и странските дипломати во Македонија со остри предупредувања за серијата насилства во времето на предизборната кампања. Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере најверојатно ќе организира средба на лидерите на ДУИ и ДПА кои меѓусебоно се обвинуваат дека се иницијатори на насилствата.

Од избори во Македонија

Од избори во Македонија

Не е драматично, но е алармнатно – оваа реакција на дипломати во Скопје доаѓа по дваестина насилинички напади врз партиските штабови главно на ДУИ но и на опозициската Демократска партија на Албанците. Главните ривали во албанскиот електорат. Фрлени беа бомби кашикари, руинирани неколку партиски канцвеларии, а запалени и знамиња – доволно за да пораснат тензиите и стравувањата за нерегуларни парламентарни избори. Ова потсетува на амбиентот пред две години, за време на изборите за локалните власти. ДПА ги отфрла сомневањата дека е иницијатор на насилничките напади „Една работа е јасна: не смее да се релативизира ДПА и ДУИ. Дојдени се на власт со оружје. Трипати со оружје и насилситво ги зедоа изборите, и сега очигледно некој што им помагаше тоа да го направат сакаа да се релатиивизира ситуацијата. ДПА е јака политичка партија. 14 години стара, најстара политичка партија кај Албанците. Структурата е дисциплинирана и мислам дека нема да биде дел од некоја непромисленост.“

Вице претседателот Мендух Тачи најавува смирување на страстите.

Во отсуство на ЕУ амбасадорот Ерван Фуере, гласноговорникот во Скопје Андреа Ањели „Ова не е добар почеток на кампањата. Инцидентите од нејзниот старт мора да престанат.“ понатму Андреа Ањели потсетува дека ЕУ ги следи настаните не само за време на гласањето туку и за време на кампањата. Дипломатски емисиари веќе разговарале со Али Ахмети и Арбен Џафери. Не е исклучено, по враќањето од Брисел, ЕУ амбасадорот во Скопје Фуере да организира средба со челниците на ДУИ и ДПА. Неа ја навестува и премиерот Владо Бучковски, како лидер на СДСМ, иако и самиот е загрижен за почетокот на кампањата, сепак не ја драмитизира состојбата:„Не би сакале да победиме на избори каде ќе има бројни нерегуларности во оние средини каде е доминантно албанското население, или има мешовит состав на наслелението. Мене како лидер на најголемата владејачка партија не ми треба пирова победа.“

За странците не е прифатлива идејата на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, кој ги повика ОБСЕ набљудувачите да направат два одделни извештаи, за предизборната кампања и гласањето во македонските и посебно во албанските средини.

За состојбите и можните конфронтации во македонскиот политички табор сепак зборуваат спорадични инциденти. За еден од нив се жали и Тито Петковски водач на новата Социјадеморкатска партија, фракција што се оддели од владеачкиот СДСМ. „Во три града имавме закани да се иселат нашите луѓе од штабовите, бидејќи луѓето што ни ги отстапија просторите биле блиски до СДСМ.“

И покрај потпишаниот кодекс за осуда на насилничките појави на стартот од кампањата, во изборниот процес сепак лидерите засега се демантирани од активисти што очигледено или не ги контролираат доволно или самите ги инструираат за почетниот насилничкин набој.