1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Остри критики за пресудата за Навални

Политички мотивиран процес и тежок удар за опозицијата, оценки на германските политичари и експерти за пресудата против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Во меѓувреме Навални е пуштен од притвор.

Петгодишната затворска казна за рускиот блогер и опозиционер Алексеј Навални предизвика критики ширум партискиот спектрум во Германија.

„За нас ова е уште еден доказ за авторитарната политика во Русија, која не дозволува различност и плурализам“, вели Анреас Шокенхоф, пратеник на ЦДУ, и комесар за германско-руските координации.

Според Гернот Ерлер од СПД, пресудата е „уште еден лош ден за Русија“. Пресудата е јасен сигнал дека „ќе продолжи политиката на криминализација на опозицијата“, вели тој.

Судот во градот Киров го осуди Навални на петгодишна затворска казна по обвинението дека измамил државна компанија за сума од 400 илјади евра во периодот додека бил советник на гувернерот на областа Киров. Во меѓувреме се случи неочекуван пресврт, кој сепак не менува ништо суштински. Имено руското обвинителство утрово побара Навални да биде ослободен од притвор до правосилноста на пресудата, со тоа што би му било забрането патување надвор од земјата. На барањето се гледа како на обид на руските власти да го ублажат незадоволството на граѓаните кои вчера, по изрекувањето на пресудата, излегоа на масовни протести во повеќе руски градови.

Јасни политички мотиви

Навални со години наназад е еден од најеминентните критичари на рускиот претседател Владимир Путин и редовно открива корупциски афери за кои се поврзуваат највисоките ешалони во Кремљ. Тој најави дека ќе се кандидира за градочалник на Москва на изборите закажани есенва, а планираше и да се обиде во претседателската трка во 2018 година. Сега, сето тоа паѓа во вода, затоа што осудени лица во Русија не смеат да се кандидираат на избори.

Russland Veranstaltung Russia and the West

Андреас Шокенхоф

„На среден и долг рок, пресудата значи дека Навални е дискредитиран како кандидат“, вели Еберхард Шнајдер од ЕУ- Русија центарот. Иако Навални немаше шанси да победи на изборите во Москва, сепак тој можеше да му предизвика проблеми на противкандидатот од партијата на Путин.

За германските политичари, политичките мотиви во пресудата се јасни. „Случајот против Навални се случи во време кога тој не само што учествуваше во јавни демонстрации, туку откри и нов случај на корупција на неговиот блог“, вели Шокенхоф.

Во последното интервју, Навални изјави дека рускиот претседател лично побарал да биде отворен случај против него. Германските експерти, пак, не сметаат дека во моментов Навални е закана за врвот на Кремљ. Пресудата е повеќе наменета за иднината.

„Ова се превентивни мерки против ткн. 'природни лидери' од социјалните протестни движења“, вели Петер Шулце од Универзитетот во Гетинген.