1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Остри вербални стрели

Американскиот претседател, Џорџ Буш, премина во дипломатска офанзива. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак,ги повика САД да бираат меѓу поддршката за грузиското раководство и вистинското партнерство со Русија

default

Американското и руското знаме

Американскиот претседател, Џорџ Буш, од Русија побара да се држи до нејзините ветувања и до прекинот на огнот: „За жал, до нас стигнуваат извештаи кои не се во согласност со руските заложби. Загрижени сме поради извештаите за позиционирање на руските трупи источно од Гори, со што се блокира грузискиот автопат исток-запад, се прави поделба на земјата и може да се загрози главниот град, Тбилиси.“

Загриженост има и поради информациите дека руската армија зазела позиции во пристаништето Поти и дека биле уништени грузиски бродови, а загриженост има и проади тоа што грузиското население не е заштитено од напади. Затоа се преземени низа мерки: „Ја испраќам американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс за Франција каде ќе разговара со претседателот, Саркози. Потоа таа ќе отпатува за Тбилиси каде на демократската грузиска влада лично ќе и‘ даде уверување дека САД стојат на страната на Грузија.“

Рајс: „Ова не е 1968-ма“

Пред да замине за Европа, Рајс, со исклучително остар тон и‘ се обрати на Русија и рече дека доколку Москва го прекршува прекинот на огнот, тоа само ќе ја води Русија кон натамошна излоација: „Ова не е 1968-та година и инвазијата врз Чехословачка, кога Русија им се закануваше на соседите, го окупираше главниот град, ја симна владата и се извлече. Работите се променија.“

И Кондолиза Рајс и американскиот потпретседател, Роберт Гејтс, неделава му дадоа поддршка на Буш кога објави дека го задолжил Гејтс да се почне со хуманитарна акција на американската армија за да му се помогне на цивилното население: „Еден американски воен авион со хуманитарна помош е веќе на пат. Во наредните денови, со помош на американски авиони и на морнарицата ќе се обидеме да доставиме хуманитарна и медицинска помош. Очекуваме Русија да се држи до изјавите и да дозволи во земјата да се транспортира секаков вид хуманитарна помош.“

Лавров: „САД да изберат меѓу поддршката за Грузија и партнерството со Русија“

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пак на ваквите тонови од Вашингтон одговара со барање – САД да бираат меѓу поддршката за грузиското раководство и вистинското партнерство со Русија: „Сфаќаме дека грузиското раководство е специјален проект на САД и сфаќаме дека САД се загрижени за тој проект. Но, еден ден ќе мора да бираат меѓу поддршката на виртуелниот проект и вистинското партнерство кога станува збор за прашања кои бараат навистина колективно дејствување“, изјави Лавров.