1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Остра конкуренција за златните статуетки

Филмот „Говорот на кралот“, снимен според биографијата на британскиот крал Џорџ Шести, е главниот фаворит на годинешново доделување на Оскарите, кои ноќеска ќе бидат доделени во Лос Анѓелес.

default

„Говорот на кралот“ на Том Харпер го обработува периодот од животот на кралот Џорџ VI кој во судбоносните моменти за Британија го надминува проблемот со пелтечењето. Филмот има најмногу номинации - 12 и се очекува да ги освои Оскарите во категориите за најдобра режија, за продуцент и за актери. „Говорот на кралот“ претходно освои најмногу награди на доделувањето на признанијата од Британската академија за филмската и телевизиската уметност – BAFTA, што е показател во негова полза, иако историјата на доделувањето на признанијата покажува дека не секогаш се совпаѓале мислењата на американската и британската академија.

Уште два сериозни конкурента

Покрај „Говорот на кралот“, филмските критичари сметаат дека изненадување би можел да направи и филмот „Социјална мрежа“ на Дејвид Финчер, кој зборува за создавањето на социјалната мрежа „Facebook“. Тој доби осум номинации, а неговите продуценти се надеваат на изненадување вечерва во „Kodak Theater“. „Социјална мрежа“ веќе постигна голем успех во јануари, освојувајќи четири Златни глобуси, кои исто така се сметаат за одличен показател во однос на доделувањето на Оскарите.

Flash-Galerie Film The King's Speech

Кралот со говорна мана: остварувањето на Том Харпер е најголем фаворит

Како трет фаворит се смета филмот „Тру грит“ на браќата Џоел и Итан Коен, кој претставува римејк на класичниот вестерн на Џон Вејн „Човекот наречен Храброст“. Голема фаворитка за освојување на Оскарот за најдобра актерка е Натали Портман, која за ролјата во „Црниот лебед“ веќе ги доби наградите Златен глобус и BAFTA.

Милионска публика

Свечноста ќе ја следат милиони телевизиски гледачи преку директниот пренос на телевизиската мрежа ЕјБиСи, којашто откако претходно 45 години го вршеше преносот, неодамна потпиша нов договор за ексклузивните права што важи до 2020 г. Минатогодишната церемонија на доделување на Оскарите ја следеле 41,7 милиони Американци, што е рекордна гледаност за последните пет години.

Автор: ГЧ/СН/миа

Редактор: Симе Недевски